Најубави Божикни пораки

popara7 јануари, 20161min00
20

Божик е радосен празник што го дочекуваме и го прославуваме со најблиските. Еве неколку преубави божикни пораки.

*На денешниот ден прости им на твоите должници, подари им бакнеж на твоите ближни, помогни им на тажните. А на полноќ, погледни кон небото и ќе видиш ѕвезда што оди, тогаш тивко кажи Христос се роди!

*Кога последната свеќа на Бадник догорува, слушај го срцето што ти зборува, нека радост и среќа во животот те води, среќен Божик, Христос се роди!

*Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати, Христос насекаде да ве води, Среќен Божик, Христос се роди.

*Денешниот блажен ден нека ви биде радосен! Божиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати. Ангел срцето кон љубов нека го води, мир божји, Христос се роди!

boziken-post-595x320*Нека бадниковата вечер го избрише сето она што сакаш да го заборавиш, а божикното утро ти исплете венец од здравје, среќа, љубов и божји благослов!

*Како што бадниковиот оган се ложи, во вашиот дом среќа да се множи, нека светла ѕвезда во животот вас ве води, зашто денес е Божик – Христос се роди!

*Рана зора додека се руди, коледарска песна ве буди, среќа и радост Бог нека дари, полна софра, а и многу пари. Сите да ве служи здравје, бадниковата вечер да ви е на здравје! Бериќет и касмет в куќи да ви царува, со здравје и љубов Господ да ве дарува!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag