Со години на железничката станица во рурално место на јапонскиот остров Хокаидо чека само еден патник – ученичка во средно училиште на својот пат кон школо. Возот има задача да застане два пати – еднаш да ја земе на пат до школо, а другиот пат да ја врати дома по наставата.
Иако ова сценарио звучи неверојатно, сепак е вистинито.
Како што пишува CCTV News, се работи за одлука на компанијата Japan Railways, која оперира на подрачјето на цела Јапонија, а која е основана пред повеќе од три години. Бројот на патниците на станицата Ками-Ширатаки поради оддалечената локација драстично се намалил, како и потребата за товарни услуги.
Компанијата се подготвувала да ја затвори станицата кога откриле дека секој ден ја користи една ученичка. Потоа одлучиле да ја задржат додека таа не дипломира. Компанијата дури и го прилагодила редот на возење во склад со распоредот на ученичката.
Таа би требало да го заврши школото во март оваа година, кога железничката станица конечно ќе биде затворена.
Многу Јапонци упатуваат благодарност до владата на Јапонија поради препознавањето на важността на образованието.
„Зошто не би го дал својот живот за оваа земја кога владата е подготвена да оди чекор подалекју за мене? Ова значи дека секој граѓанин е важен, никој не е оставен сам“ – гласи еден коментар под оваа вест на социјалните мрежи.