Реалноста на брачниот живот

popara13 јануари, 20161min00
13

Блогерката Џоли Вајслер ја опиша реалноста на брачниот живот во интересен текст кој стана хит. Прочитајте го:

Кога си во брак или каква било долгa врска, мораш да го заборавиш секој романтичен филм кој некогаш си го изгледала и да го прифатиш фактот дека се обврзуваш со некој кој ќе ги знае сите твои маани и понекогаш ќе ти укажува на нив.

Мојот сопруг не е маж кој ја покажува својата љубов со цвеќиња, чоколада или скап накит. Но, секоја сабота, тој ја приготвува најневеројатната вечера. Најчесто започнува да ги маринира состојките уште од утрото, а процесот трае цел ден. За време на вечерата, со секој залак, знам колку многу ме сака.

Еве уште неколку заклучоци за бракот до кои дојдов во текот на годините:

  • Бракот е некој да те потсетува дека ќе се чувствуваш подобро ако излезеш и повежбаш, дури и кога си прилично убедена дека ќе ти биде подобро ако изедеш крофна;
  • Бракот е да издржиш додека трае документарец за откопување на злато, но не да се прободеш со далечинскиот управувач;
  • Бракот е понекогаш да му го покажеш средниот прст на некого откако ќе се сврти со грбот;
  • Бракот е да се обидуваш да не разговараш за децата додека сте излезени сами двајцата, но да не успееш;
  • Бракот е да се сеќавате на приказната како сте се запознале и сте стигнале дотука и да ја раскажувате на лош начин за време на вечерни забави;
  • Бракот е да скокнеш и да преплашиш некого, чисто за забава;
  • Бракот е да си во друштво и да имаш некој до тебе кој совршено знае кога ти доаѓа да ги превртиш очите;
  • Бракот е да ти стане прежешко додека се гушкате, но и покрај тоа, да продолжуваш да лежиш уште малку во неговата прегратка;
  • Бракот е да се запреш себеси пред да изговориш „Ти реков“, во моменти кога навистина, навистина сакаш да го кажеш тоа;
  • Бракот е да шетате додека врне по улица на која никогаш не сте биле, конечно да пронајдете кафуле и во тој момент да те „удри“ мислата дека не постои друга личност со којашто би сакала да бидеш;
  • Бракот е да не си во право многу пати и да има кој да ти укаже на тоа;
  • Бракот е расправање за даноците;
  • Бракот е многупати да сте будни доцна во ноќта заради тоа што повраќаат децата или поради бучава, украдена прекривка, лоши соништа, ‘рчење;
  • Бракот е таа единствена ноќ кога децата ќе преспиваат кај баба и дедо и вие двајцата можете да правите сè што сакате, за сепак на крајот да нарачате храна, да гледате филм и да заспиете како заклани на каучот.
  • Бракот е да изговориш злобни зборови и веднаш потоа да се надеваш дека ќе ти биде простено;
  • Бракот е да можеш да ја предвидиш иднината – седи коси, збрчкани задници, топла облека, шокирање на внуците со валкани шеги, две фотелји поставени една до друга.
  • И последно, бракот е да веруваш во личноста до тебе. Навистина да веруваш во неа, иако си ја видела како танцува гола.

Бракот е да ги оставиш зад себе сите очекувања кои ги имаш за тоа како би требало да изгледа бракот. Бракот е несовршен, смрдлив и склон кон молчаливи периоди. Но, тој исто така е увереност дека некој е законски обврзан да се смее на твоите шеги и да ти го почеша тоа делче на грбот кое не можеш да го достигнеш.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag