Новата девојка на Роналдо ги засени сите останати, па дури и Ирина Шајк

popara21 јануари, 20161min00
10

Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо во последниот перид е доста активен на љубовното поле, а најновата жена во неговиот живот е манекенката Натали Ринкон од Колумбија.

Заедно со новиот месец, пристигна и новата девојка девојка на најпосакуваниот фудбалер на светот.

Медиумите пишуваат дека Роналдо го поминал католичкиот Божиќ во Мајами, каде што ја запознал оваа колумбиска убавица на која не можел да и одолее.

Како што пренесуваат американските медиуми, фудбалерот не се одвојувал од манекенката цела ноќ, и цело време ја бакнувал по вратот.

На интернет кружи и фотографија од нив двајца од божиќната забава на која се наоѓале и може да се заклучи дека навистина изгледаат прилично блиски.

Некои медиуми дури пишуваат дека згодната Натали планира да се пресели во Мадрид за да биде поблиску до големиот заводник.