Откако се појави фотографија од мало момче кое на себе носи пластична кеса на која пишува Меси, светот се заинтересира да дознае кое е момчето.
Многумина беа трогнати од глетката, а и самиот Лео Меси сакал да го дознае идентитетот на момчето.
Така една телевизија го пронашла момчето кое се вика Хомид и живее во Дохуку во Курдистан. Момчето е голем фан на најдобриот играч на светот Лео Меси.
Во разговор за локална телевизија Хомид изјавил дека неговиот татко се бори против терористите на ИСИЛ.
Откако беше откриен неговиот идентитет, момчето сега носи и вистински дрес на Барселона со број 10, но и со потпис од Меси.