Трчање или брзо одење: Најдобар тренинг кој наместо парите ќе ги троши Вашите калории

popara28 јануари, 20161min00
11

Вежбите ќе направат да се чувствувате освежено и активно. За тоа не Ви е потребен тренер, теретана или специјални справи. Доволно е само да се определите помеѓу трчањето или брзото одење.

Пролетта е како создадена за трчање или брзото одење. Со помош на овие активности ќе се ослободите од килограмите, ќе ги зајакните мускулите, а во исто време ќе престојувате на  чист воздух.

Кардиоваскуларните вежби се сметаат за најдобри за слабеењето и одржувањето на здравјето. Лесни се за изведување, не е потребна дополнителна опрема и ефикасно ги согоруваат калориите. Брзото одење, пливање и трчање се само од некои видови на кардиоваскуларни вежби.  

Постои вистинска дебата околу тоа дали брзото одење е подобро и поефикасно од трчањето. Стручњаците сеуште го немаат откриено точниот одговор, затоа што се зависи од поединецот.

Било која вежба да изберете, треба да знаете дека секоја носи предности и мани. Во предвид морате да ја имате својата цел, старосната доба и телесната тежина, затоа што секоја вежба неможе да одговара на секој и неможе секоја вежба да постигне ист резултат.

Запомнете дека треба да почнете полека и постапно да го продолжувате времето и интензитетот. Доколку патите од било која медицинска состојба, секако дека треба да се советувате со Вашиот  доктор пред  почетокот на секјдневното вежбање.

Ефикасност   

Голем број на луѓе сметаат дека трчањето троши повеќе калории, што е вистина. Но не е се така едноставно кога е во прашање броењето на калориите. Брзината е важен фактор.

Доколку трчате бавно, а брзо одите, тоа значи дека со брзото одење  ќе истрошите повеќе калории. Исто така, ако сте во состојба да одите подолго, а трчате пократко, можно е дека со одењето ќе потрошите повеќе калории. Стручњаците истакнуваат дека за трошењето на калориите е најдобра комбинацијата трчање и одење.

За да можеме рамноправно да споредуваме трчање и одење, двете активности треба да се одвиваат со иста брзина и одалеченост. Кога сите фактори на еднаков начин се задоволени, трчањето би зазело прво место.   .

Но, ефикасноста на брзото одење можете значајно да го зголемите со носење на тегови за нозе и раце.Исто така обидете се да се движите што е можно побрзо и подолго, затоа што на тој начин ќе го зголемите трошењето на калориите.

Што се однесува на предноста за здравјето на срцето и крвниот систем, двата вида на вежби се еднакво ефикасни затоа штого забрзува работењето на срцето, дишењето и го потикнува потењето.

Ризици  

Брзото одење со себе носи помалку ризик од настанување на повреди во однос на трчањето. Сигурно е за сите лиуѓе, независно од возраста, полот и телесната тежина.

Во суштина, брзото одење се смета за една од најбезбедните вежби. Трчањето од друга страна, го зголемува ризикот од настанување на повреди, посебно повредување на колената.

Факторите како што се телесната тежина и животната доба секако мора да се земат во предвид кога трчањето е во прашање, додека кај брзото одење тоа е помалку важно.

Трчањето е вежба со посилен интензитет, во однос на брзото одење, и не се препорачува на личности кои патат од медицинските состојби како што се болки во грбот или колената.

Ризикот од настанување на повреди во текот на трчањето можи значајно да се намали ако вложите во квалитетни патики и одберете добра површина за трчање. Тоа може да биде патека за трчање, трева или бетон.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma