Во истражувањето жителите сами рангираат колку се задоволни од животот во градот во кој што живеат.
Еве ги десетте најдобри градови за живеење, според нивните жители.
10. Њукасл
56% многу задоволни, 37% задоволни. Њукасл е на северот на Англија и според истражувањето во него живеат најсреќните луѓе во целата Велика Британија.
9. Виена
56% многу задоволни, 39% задоволни. Виена е еден од најголемите градови во врвот на листата. И покрај овие резултати Виена не е најсреќниот град во Австрија.
8. Минхен
57% многу задоволни, 38% задоволни. Одлично пиво, прекрасно езеро и брилијантен фудбалски тим го прави Минхен еден од најсреќните градови во Европа и најсреќниот град во Германија.
7. Малме
60% многу задоволни, 36% задоволни. Третиот по големина град во Шведска е и најсреќен во земјата. Во друго истражување 96‚ од 320.000 граѓани се изјасниле како задоволни со своите животи.
6. Осло
60% многу задоволни, 38% задоволни. Осло е најсреќен град во Норвешка, земја која минатата година беше прогласена за најпросперитетна земја.
5. Грац
64% многу задоволни, 33% задоволни. Градот во кој живеат 270.000 жители е град во кој живеат најзадоволните жители на Австрија.
4. Цирих
64% многу задоволни, 34% задоволни. Швајцарскиот град често се наоша на листите за најдобри градови за живеење во светот, а дури 98% од граѓаните на Цирих се изјасниле дека се задоволни со својот живот.
3. Рејкавик
66% многу задоволни, 31% задоволни. Мирниот и сигурен главен град на Исланд го зазема третот место на листата на најдобри градови во Европа.
2. Копенхаген
67% многу задоволни, 28% задоволни. Во главниот град на Данска само 5% од жителите се изјасниле дека не се задоволни со својот живот.
1. Алборг
72% многу задоволни, 24% задоволни. Индустрискиот град на северот на Данска во кој е најпознат по својат симфониски оркестар и еден од најдобрите универзитети е дом на најзадоволните граѓани во Европa.