Потребни состојки:
- ¼ шолја путер (омекнат, на собна температура)
- 1/3 шолја и 3 лажици кафеав шеќер
- 1 ½ шолја цреши (можете да употребите и замрзнати, притоа да го оставите сокот од нив)
- 1/3 шолја брашно
- ¼ шолја какао
- ¼ лажичка прашок за печиво
- ¼ лажичка сол
- 1 жолчка од јајце
- 3 лажици млеко
- ¼ шолја слатка павлака
- 2 лажички рум
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете по една лажица путер, 1 лажица кафеав шеќер и ½ лажичка сок од црешите на дното од двата сада во кои ќе го готвите десертот. Ставете ги во микробранова за да се растопат путерот и шеќерот и наредете ги црешите збиени една до друга.
Во мал сад измешајте ги заедно брашното, какаото, прашокот за печиво и солта. Измешајте ги заедно со 2 лажици путер и 1/3 шолја кафеав шеќер додека не добиете компактна смеса. Додадете ги жолчката и млекото и повторно мешајте. Поделете го тестото во двата сада.
Ставете ги двата сада во рерна и печете ги околу 30-на минути. Оставете ги да се оладат околу 20-на минути. Во меѓувреме, направете шлаг од слатката павлака и во неа ставете една лажица кафеав шеќер и рум.
Извадете го десертот на рамна чинија и на него ставете го шлагот.
Уживајте во неверојатно романтичен десерт!