Како Цеца ја понижи Карлеуша на почетокот на кариерата?

popara23 февруари, 20161min00
1 copy

Пејачката Јелена Карлеуша во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ за време на коментирање на една од натпреварувачките открила што и кажала на почетокот на кариерата нејзината најголема ривалка Цеца Ражантовиќ.

Имено, Карлеуша сметала дека натпреварувачката не се потрудила доволно да се дотера за сцената на „Гранд“, па за неа имала совет дека мора во следниот круг да се поведе повеќе сметка за својот изглед.

Jelena-Karleusa

Додека го излагал своето мислење Карлеуша се потсетила што и кажала Цеца на неа кога таа ја почнувала својата кариера.

hitportal-karleusa

-На почетокот на мојата кариера, кога имав 16 години, Цеца ми кажа дека добро пеам, но дека никогаш нема да станам ѕвезда зошто не сум згодна женска – кажала Карлеуша.