Доколку поседувате Android телефон, тогаш постои една апликација која го успорува вашиот уред до 20%. Сепак, не веруваме дека ќе ја избришете…
Станува збор за Facebook апликацијата, која во тестирањата на различни Android телефони (со нејзиното бришење), овозможи до 20% поиздржлива батерија и генерално подобри и постабилни перформанси. Останатите апликации, по бришењето на Facebook, се отвараа до 15% побрзо.
Според истражувањата, Facebook апликацијата (заедно со Messenger), зема огромни ресурси од системот, дури и кога работи во позадина. Можеби звучи чудно, но Facebook прикажува помали бројки на потрошувачка во статистиките за батеријата кај Android, и со тоа корисниците мислат дека нема импакт врз перформансите.