Поранешната Бонд девојка, Моника Белучи, оваа недела беше дел од Филмскиот фестивал во Мајами каде го промовира најновиот филм Ville-Marie.
Покрај информации за самиот филм италијанската актерка сподели и детали за тоа како ја одржува нејзината витка фигура пред и после снимањето на филмските сцени.
– Јас не сум од оние кои стануваат рано сабајле за да одат во теретана. Ако треба да имам сцени во кои сум разголена, едноставно не јадам тестенини неколку дена претходно и тоа е тоа, мојата фигура е топ – вели Моника.
Таа упати и совет до помладите девојки, да се хранат здраво, да бидат умерени со алкохолот и да практикуваат повеќе секс.