Најголемата грешка која ја правите додека држите диета

popara30 април, 20161min00
19

Дали сакате да ги изгубите килограмите или сакате да ги изгубите мастите? За многу луѓе овие две работи имаат исто значење, но не се исти.
Повеќето луѓе веруваат дека губењето на тежината подразбира и губење на мастите, но тоа воопшто не е точно. Станува збор за две сосема различни работи.

Меѓутоа, многу е важно да ја знаете разликата помеѓу губењето на килограмите и губењето на мастите.

Доколку сакате да ги изгубите мастите… 

Ако одеднаш почнете да правите рестрикции во исхраната за да изгубите и одреден број на килограми, големи се шансите дека прво ќе ја изгубите мускулната маса. Поради тоа, многу луѓе кога ќе дојдат до својата идеална тежина, не се задоволни од крајниот резултат бидејќи нивното тело не изгледа поразлично – само е помало.

Тоа е така бидејќи во телото и понатаму има висок процент на масти, а многу малку мускули.

Сериозно тренирајте 

Ако сакате да бидете помали отколку што сте сега, или едноставно да бидете во подобра форма и здравје, да го намалите вишокот на масти во телото и да изгледате секси, потребно е да вежбате со тегови. Покрај кардио тренингот кој ги топи мастите, мора да им посветите внимание и на теговите кои ги градат мускулите.

Сериозно јадете 

Обрнете внимание на исхраната. Има многу случаи кога девојките од својата исхрана ќе исфрлат голема група на продукти или ќе го намалат внесот на калории, па поради тоа не можат да се ослободат од мастите. Ако во текот на денот внесувате многу малку калории и не се симнувате од лентата за трчање – вие всушност ги уништувате мускулите. Буквално ги јадете мускулите бидејќи не ги храните доволно и не им давате материјал за да се изградат.
Мора да ја промените вашата цел од „сакам да ги изгубам килограмите“ во „сакам да ги изгубам мастите“. Не се потпирајте само на бројот кој го покажува вагата. Тој број е многу помалку важен од процентот на масти во телото.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag