Џенифер Анистон и Џастин Теру направија чекор напред во нивната врска и одлучиле да живеат заедно. Иако се заедно само неколку месеци, Џастин одлучи да се всели кај Џенифер. “Тој живее во нејзината куќа во Лос Анџелес, а таа го претставува на сите како нејзиното момче”, вели извор од US Weekly. Џастин претходно живеел во Њујорк со долгогодишната девојка, Хајди Бивенс, која неодамна се преселила. При посетата на Лос Анџелес, актерот често престојувал во хотел.
Актерите навистина сакаат нивната врска да успее и поради тоа не сакаат да кажат ништо на медиумите за нивната романса. Џенифер последен пат беше во врска со Џон Мајер со кого прекина во 2008 година, а од тогаш медиумите ја поврзуваа со неколку мажи, но никогаш ништо не беше потврдено. Пријателка на поранешната девојка на Џастин потврди дека таа се иселила од нивниот заеднички стан, а неофицијална приказна е дека таа е многу огорчена за начинот на кој нивната врска завршила.