Саркози повикува на единство и заштита на еврото

16 јуни, 20110
123760
Францускиот претседател Никола Саркози ги повикал лидерите на ЕУ да престанат да се караат околу тоа како да и’ се помогне на Грција и да го искажат единството на кое се темелело еврото од своето постоење пред повеќе од една деценија.
“Она што ни’ е најмногу потребно е единството“, рекол Саркози, додавајќи дека е потребно повторно да се најде “чувството за заедничка судбина“.
Изминатите недели, водечки политичари од евро зоната се препираат околу тоа како на грбот на приватните кредитори да преземат дел од товарот за повторно да се спаси Грција.
Министрите за финансии од евро зоната на вчерашниот состанок не успеале да се договорат за новиот пакет финансиска помош на Грција.
“Нашата цел е да направиме се’ за да ја зачуваме стабилноста во евро зоната, бидејќи без стабилност не е можен раст на никој од нас“, рекол Саркози на отворањето на меѓународната конференција за храна во Париз.
Богатите земји како што се Германија и Холандија, бараат приватниот сектор да биде ставен во прилог за новата помош на Грција. Германија предлага банките да и’ одобрат на Атина дополнителни седум години за отплата на нејзините обврзници.
Но, тоа барање со цела сила го одбила Европската централна банка која опоменува дека таквото продолжување може да се протолкува како делумно неизвршување на обврските на Грција и да предизвика паника на финансиските пазари.
Една недела пред самитот на ЕУ во Брисел, каде Грција ќе биде во центар на вниманието, Саркози ги повикува европските лидери да ги направат “неопходните компромиси“ во заштита на еврото.
Трите најголеми француски банки се во опасност од пад на рејтингот заради улогата во долгот на Атина, односно поседување на грчки државни обврзници.
Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *