Скокнала од највисокиот мост на Дунав, ја погодила песната: Девојка (20) сакала да се „забавува“?!

popara14 јули, 20161min00
3

Една 20-годишна девојка синоќа во Нови Сад скокнала од мост висок околу 25 метра во Дунав, „од забава“, поминала без повреди и ветила дека веќе нема да го прави тоа.

– Сакав да знам дали смеам тоа да го направам и дали можам. И сега знам дека можам. Нема да се повтори, бидејќи полицијата ми забрани, раскажала девојката, пренесоа српските медиуми.

Таа седела во еден кафиќ на новосадската плажа Штранд, во близина на Мостот на слободата, од кој подоцна скокнала, а рекла дека тоа го направила бидејќи ја „погодила песната“ која претходно ја слушнала.

Додала дека многу брзо, откако допливала до плажата, се појавиле полицајци.

– Полицијата ме праша дали знам дека тоа е забрането и дали сум сакала да се самоубијам или само да скокнам поради адреналин. Не сакав да се убијам, јас сакам да живеам, иако живеам по малку лудо, раскажала девојката.