Антракс во Србија- заразеното подрачје под контрола

popara17 јуни, 20111min00
147037114_6c0718e499
На подрачјето на Војводина во Србија била востановена појава на антракс, по што биле преземени сите неопходни мерки, а заразената област се ставила под контрола и не се очекуваат нови проблеми со ширење на заразата, изјавил директорот на Управата за ветерина Зоран Миќовиќ, пишува “Танјуг“,  пренесува НетПрес.
“Се’ е направено во склад со нормите кои се предвидени во вакви случаи“, рекол Миќовиќ и додал дека заразените животни кои починале биле запалени во установи кои за тоа биле специјализирани.
Тој нагласил дека во зоната на селата Бочар и Ново Милошево во општината Нов Бечај која била прогласена за загрозена, целиот добиток бил вакциниран, реализирана била дезинфекција на подрачјето и сега се чека периодот на инкубација.
Миќовиќ објаснил дека времето за инкубација обично е седум до 14 дена и доколку во рок од 28 дена не се појави некој инцидент, може да биде укината забраната за промет со месо и стоки од тој простор.
Тој рекол дека ветеринарните станици биле задолжени да вршат надгледување на просторот за да не дојде до нови проблеми со заразата.
Стадото од кое потекнува заразата се наоѓало во изолација на околу еден километар од селото и таму ќе остане се додека не се потврдело од каде потекнува антраксот, односно на кој начин биле заболеле кравите.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma