ЛА Галакси му нуди на Тоти 14 милиони долари по сезона

popara17 јуни, 20111min00
francesco_totti1

Франческо Тоти повеќе од 20 години е дел од Рома, но можеби кариерата ќе ја продолжи на друг континент, во САД.

“Газета дело Спорт” открива дека ЛА Галакси на капитенот на “римската волчица” му понудил 14 милиони долари по сезона.

Тоти веќе доби доста понуди, но постојано ги одбиваше истите со изјавите дека сака да биде дел од новата Рома која ја купи американскиот бизнисмен Томас ди Бенедето.

Но огромниот износ кој Американците го нудат за фудбалер на 34-годишна возраст сигурно барем малку ‘внел немир’ кај Тоти, кој има договор со Римјаните до летото 2014. година.

Извор: Нетпрес

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag