Луѓето патуваат од задоволство, од авантура за да може да ги истражат различни култури и традиции. Покрај преубавите градови и дестинации кои постојат во светот, постојат и онакви места кој секој сака да ги види но поради лошиот глас кој ги бие, туристите тешко се одлучуваат да стапнат во нив. Најопасните градови во светот, за кои некои се сметаат како мета на терористи, други пак имаат многу криминални улични банди. Листата од 10 најопасни градови се:
1.Могадишу, Сомалија – престолнината на Сомалија е најопасниот град во светот, тој беше погоден од граѓанска војна, и скоро половина од популацијата ги напушти своите домови, пред се поради насилството, честото бомбардирање и убиства. Повеќе од милион луѓе ги загубија своите животи во уличните пресметки.
2.Багдад, Ирак – главниот град на оваа земја е познат како “река на крвта“. Ова е последниот град по безбедност во светот. Граѓанските војни се водат без престан, а бомбите се секојдневие. Секојдневно гинат голем број луѓе.
3.Рио де Жанеиро, Бразил – поради високата стапка на криминал, во овој егзотичен град, треба да не носите накит и многу пари со себе, додека шетате по улица. Патниците често остануваат без својот багаж уште на аеродромите. Во последните 2 години во овој град е зголемено и насилството. Тоа се поврзува со локалните групи на трговци со дрога, позната како Piranhas.
4.Њу Орлеанс, САД – во овој град стапката на убиства е многу поголема отколку во било кој друг американски град. Во просек страдаат 95 луѓе на 100.000 жители. Насилството е широко распространето, а овој град важи и за еден од најсиромашните.
5.Карачи, Пакистан – овој град е комерцијален центар на Пакистан. Тој е најнаселен и најнебезбеден во цела Азија. Секојдневно се случуваат терористички напади.
6.Детроит, САД – познат како град на моторите. Своето место на оваа листа го зема поради застапеноста на најразлични видови насилство и криминал на улиците.
7.Јоханенсбург, Јужна Африка – метрополата во Африка, позната по многуте злосторства, кражби, киднапирања, силување, убиства. Во овој град не се препорачува возење или патување навечер со автомобил. Во текот на изминатата година стапката на грабежи и сексуална злоупотреба е значително зголемена.
8.Сиудад Хуарез, Мексико – овој град се наоѓа на границата со САД, а има население од 1,5 милиони жители. Насилството е зголемено пред се поради нарко картелите. Просечните убиства во земјата се 130 лица на 100.000 жители, а 50% од нив регистрирани се токму во овој град.
9.Грозни, Чеченија, Русија – овој град страда од различни општествени злочини, почнувајќи од расизам, трговија со дрога, екстремизам, киднапирања, проституција и насилство. Се смета дека чеченските мафијаши го контролираат градот повеќе од самата полиција. По еден жител е убиен на секои 18 минути. Просечната стапка на убиства во Чеченија е 84 лица дневно на 134 милиони популација.
10.Каракас, Венцуела – овде со криминалот раководат разните банди, мафијаши кои тргуваат со дрога. Во текот на изминатата година стапката на убиства значително пораснала, само во декември имаа загинато 510 жители.