Дека компирот е намирница која може да се комбинира и подготвува на бројни начини веќе е добро познато. Овој пат ви пренесуваме едноставен рецепт – потпечен компир со кисела павлака.
Состојки
- 1/2 кг компир
- 50 гр пармезан
- 500 мл павлака за готвење
- 3 чешниња лук
- сол
- пипер
- зачин по желба
Начин на подготовка:
Излупете ги компирите и кратко варете ги, па исечете ги на парчиња.
Додајте ги сите останати состојки и сè заедно ставете во сад за печење.
Печете во однапред загреана рерна на 180 степени половина час.
Кога компирот ќе зажари, извадете го од рерна и истурете го вишокот од течноста во посебен сад. Вратете ги компирите во печка уште пет минути и вашето јадење е готово!