- Алерт, Канада
Малото село Алерт лежи на врвот на територијата Нунавут во Канада, на 804 километри под Северниот Пол. Со само пет жители преку целата година, Алерт е едно од најдалечните и опасни места во светот.
Опколен со Арктичкиот Океан, температурите во овој регион стигнуваат до 40 степени под нула. Поради близината до Северниот Пол, Алерт е подложен на 24-часовна темнина за време на зимата и 24-часовна светлина на лето.
- Тристан да Куња
Лоциран во јужниот Атлантски Океан, Тристан да Куња е архипелаг од мали острови кој се смета за најдалечното и осамено населено место во светот. Опкружен со карпест терен и налетни води, островот е пристапен само со брод од најблиските негови соседи, Јужна Африка и Јужна Америка, кои се наоѓаат на оддалеченост од 2.400 и 3.360 километри последователно.
Вкупно 271 човек живеат на островите и работат како земјоделци и занаетчии. Тие сепак имаат телевизиски станици и пристап до интернет преку сателит.
- Општина Мотуо, Кина
Скриена во Тибетската автономна област на Кина, општината Мотуо е едно од најизолираните предели на светот, потполно отсечена од нејзините соседни градови. Обидите да се изгради пат кон општината биле неуспешни поради несигурниот терен, кој е постојано карактеризиран со лизгања на земјиштето и лавини, а со тоа претставува едно од најдалечните места на човечката цивилизација.
Единствениот пристап до овој предел е пешачење преку маршрута на замрзнато земјиште низ Хималаите и со преминување на висечки мост. Но, ризикот се исплати поради неговите густи и богати шуми што го опкружуваат овој недопрен тибетски пејзаж.
- Станица МекМурдо, Антарктика
Лоцирана буквално на дното на светот, Антарктика е природно едно од најдалечните места на Земјата. Иако нема постојани жители во замрзнатиот предел, на континентот престојуваат сезонски истражувачи и научници.
Станицата МекМурдо, лоцирана на северниот крај на Антарктика, е најнаселениот истражувачки центар со приближно 1.200 научници кои работат во тој дел. Иако е екстремно изолиран од соседните земји, во МекМурдо има три воздушни писти, што значи дека жителите можат лесно да пристапат до регионот и до многу современи погодности.
- Итокортоормит, Гринланд
Доколку мислите дека е тешко да се изговори името, замислете како им е на 500-те луѓе кои живеат во овој пуст предел. Селото е лоцирано на источниот брег на Гринланд и се наоѓа северно од Исланд. Гринланд е опколен со мраз, па водите што го опкружуваат ова село се замрзнати скоро преку целата година, така што пристап до регионот со брод е скоро невозможен. Покрај тоа, малиот аеродром на островот ретко прима летови.
Поголемиот дел од жителите опстојуваат со ловење и рибарење, со тоа што поларните мечки и китовите се најчесто уловените животни.
- Енгл Инлет, САД
Лоциран во државата Минесота, Енгл Инлет е дом на 150 луѓе и до таму може да се стигне само преку Канада. Овој предел е најпознат по риболовните екскурзии и таму постојат многу мал број на локални продавници и ресурси. Учениците стигаат до нивното еднособно школо со моторни санки во зима и со чамци на лето.