Стивен Спилберг веќе има осмислено неколку идеи за нов “ Jurassic Park “. Тој заедно со сценаристот Марк Протошевич на големо работат на можните варијанти за новото продолжение.
Ова ќе биде четврто продолжение на овој филм. Спилберг веќе подолг период имал во план да го направи ова, но го спречила смртта на оригиналниот автор на серијалот, Мајкл Крајтон.
Франшизата заработи повеќе од милијарда и половина долари на благајните ширум светот, но последното трето продолжение, кое беше направено во 2001 година ја разочара публиката.