Чешки колач кој морате да го пробате!
28 октомври, 20160
СОСТОЈКИ ЗА КОРА:
- 6 јајца
- 200 гр шеќер
- 4 лажици какао
- 5 лажици мелени ореви
- 2 лажици брашно
СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ:
- останатиот прелив за кората (млеко + шеќер)
- 150 гр мелени ореви
- 125 гр маргарин
- изрендано чоколадо
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Разматете ги белките, па додајте шеќер мешајќи постепено. Потоа во смесата додајте жолчки и матете уште малку. Потоа во смесата додајте какао, ореви и брашно и матете додека сè не се соедини.
- Кората печете ја на 200 степени околу 20 минути.
- За преливот за кора згответе 150 шеќер во 200 мл млеко.
- Кога кората ќе ја извадите од рерна, додека е врела прелијте ја со половина од овој прелив и оставете ја да се излади.
- Во останатиот врел прелив додајте ги оревите па оставете да се излади. Додајте разматен маргарин и со филот намачкајте ја разладената кора.
- Преку филот изрендајте црно чоколадо и послужете.