
Зошто настануваат подочниците, што се тоа подочници и како да ги неутрализирате.
Кожата под очите е многу тенка, а секое задржување на течности во телото причинува отекување на крвните садови под површината на кожата. Тоа се прикажува како темен траг или обоени подочници.
Појавата на подочници ја причинуваат разни пореметувања во организмот, бременост, како и голем внес на соли. Исто така, недоволна количина на сон причинува појава на подочници затоа што тогаш телото произведува повеќе од хормонот кортизол, кој го големува задржувањето на течности. Со годините подочниците стануваат сé понеубави поради масните наслаги кои се таложат под очите. Исто така, кожата со годините ги губи еластинот и колагенот, па е помалку способна да се спротивстави на влијанијата на силата на Земјината тежина.
За да се збогувате со подочниците засекогаш, потребно е да знаете што ги причинува. Понекогаш настануваат поради намалена циркулација во делот околу очите поради недостаток на сон, кафе, алкохол и никотин. Можат да бидат знак за анемија, па атоа ако ги имате од како знаете за себе, извадете крв и проверете.
Во тој случај, капсули со железо и здрава исхрана со многу цвекло можат да направат чуда. Доколку се подуени, може да бидат знак за несоодветна нега. Направете мал тест: избришете ја шминката и наслонете го прстот на подочникот – ако притиснатото место се посветли станува збор за алергија или проблем со циркулацијата, ако остане иста боја – се работи за хиперпигментација на тој дел на лицето. Хиперпигментацијата најефикасно ќе ја решите со ласерски третмани, но пред да преземете таков радикален и скап чекор, пробајте креми кои содржат осветлувачи како што се коичната киселина во мала доза или хидрокинон.
Пробајте да спиете на грб. Ако имате подочници само во одреден период од годината, тестирајте се за алергии, затоа што може да бидат реакција на полен или прашина, па тогаш ќе ви бидат потребни хистаминици. Се сомневате дека вашиот проблем е од медицинска природа и дека подочниците ви се резултат на начинот на живеење? Пробајте да ги третирате со ладни облоги (ако немате маска со гел, може да послужи и студена лажичка или оладени памучни перничиња). Кремите за пределот околу очите се исто така добредојдени, по можност оние со витамин К кој поттикнува циркулација.