Прашања кои жените не сакаат да ги чујат од мажите

1 ноември, 20160
5

Кои прашања жените воопшто не сакаат да ги чујат од мажите?

Авторот на книгата Double Your Dating, Дејвид ДеАнџело, издвојува неколку работи кои мажите никако не би требале да ги прашуваат жените. Предупредува дека оние кои нема да го запомнат ова, може да зажалат.

Дали може да те бакнам?

Ако мажоте го постави ова прашање. Во очите на жената ќе изгледа како момче а не како маж, што секако не е привлечно.

Дали може да те изведам на вечера?

Жената сака партнер кој ќе ја води и ќе има контрола, а не некој кој бара дозвола од неа да и се додворува.

Теми за автомобили и недвижнини треба да се избегнуваат

Дискусиите на овие теми жената ќе ги свати само како обид на мажот да ја импресионира.

Што сакаш да правиме вечерва?

Жените сакаат мажи со планови, мажот секогаш треба да има идеа пред да ја покани понежната половина на состанок.

Дали ти се допаѓам?

Ова прашање не може да му понуди ништо добро на мажот. Доколку го постави ова прашање, ќе покаже дека нема самодоверба.

 Со колку мажи си спиела?

Поставување вакво прашање е знак за несигурност на мажот.

Мажите не треба веднаш да ги откриваат своите намери

Ако мажот ги открие своите намери на почетокот на врската, ризикува да не биде предизвик за неа и тука ја губи секоја шанса.

Без насоки за следниот чекор во врската

Мажот никако не би требал да прекине телефонски разговор со жената зборувајќи за следниот чекор во нивната врска. Тоа ќе ја убие спонтаноста, а жената сигурно ќе прекине секаков контакт.

Без критикување на други мажи

Лошото зборување а други мажи со кои се дружи жената, а посебно ако не ги запознал, никако не е пожелно. Тоа е најбрз начин жената да го означи како несигурен.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma