Дали знаете ли дека пиењето топла и пиењето ладна вода имаат различни бенефиции за здравјето? Секој од нас знае дека пиењето вода ни е неопходно, но веројатно не сте свесни дека температурата на водата што ја пиете може да има дополнителни предности.
Пиењето млака вода му помага на дигестивниот систем, ги намалува нус-производите на метаболизмот и го подобрува општото здравје. Некои велат дека топлата вода е поздрава за пиење од ладната. Еве зошто:
– Ја олеснува болката. Од главоболка, вознемирен стомак до ПМС – пиењето топла вода ви овозможува да се справите со болката без да пиете апчиња. Таа има инстантен смирувачки ефект врз телото, овозможувајќи им на мускулите и на нервите да се отпуштат.
– Пиењето топла вода го спречува предвременото стареење. Топлата вода е поефикасна во исфрлање на акумулираните отрови од телото отколку ладната вода. Со нивно исфрлање, кожата станува помека и посјајна. Производството на структурните протеини колаген и еластин исто така се подобрува, а со тоа се намалува појавата на брчките.
– Консумирањето топла вода ја нормализира столицата, односно спречува запек и ги отстранува симптомите како што се: подуеност, гасови и болки во стомакот. Тоа е така затоа што помага храната да се разгради на помали делчиња, овозможувајќи истите да поминуваат полесно низ гастроинтестиналниот тракт.
– Ја подобрува дигестијата. Пиењето ладна вода по јадење може да предизвика стврднување на мастите од храната, правејќи ги потешки за процесирање. Топлата вода, пак, е генерално добра за целиот дигестивен процес бидејќи помага во разложување на храната, со што хранливите состојки подобро се апсорбираат во телото.