Какви фармерки ви одговараат според обликот на вашето тело?

popara14 ноември, 20161min00
8

Многумина од нас се соочуват со потешкотии кога треба да најдат есенски пар на фармерки кој нема да биде премногу проѕирен, а нема ни да биде премногу дебел. Без разлика дали е тесен или широк, ова се најдобрите модели за секој облик на телото…

Ниски девојки

Доколку сте ниски тогаш вие треба да си поиграте со пропорциите. Покажете малку кожа т.е. одберете пар кој завршува точно кај глуждовите или земете подолг пар кој може така да се свитка. Кога станува збор за кројот, за ваквиот тип препорачуваме исклучиво тесни фармерки, бидејќи тие ги издолжуваат нозете.

Високи девојки

Доколку сте премногу високи бојфренд моделот е одличен за вас бидејќи завршуваат точно на глуждот и прават да изгледате малку пониско. Исто така, ако имате обичен, подолг пар, тогаш доволно е да ги подвиткате до глуждовите.

Атлетска градба

Доколку поседувате мускули на нозете, тогаш сигурно ви е тешко да пронајдете пар кој одговара на вашите листови и бутови. Секако дека може да најдете тесни фармерки кои се растегливи и удобни. Никако не треба да се чувствувате дека мора да ги покриете – тоа е личен избор. Но, ако сакате поопуштен крој,  белите фармерки се супер за вас и плус оваа сезона се неверојатно модерни.

Девојки со тело во вид на круша

Уште еден случај каде тесните ногавици ќе го издолжат телото и ќе направат да изгледате послабо. Овде, исто така е многу важно она што го носите горе , односно најдобро е да облечете блуза која ќе ја ставите во фармерките, а половина ќе ја оставите надвор, или одберете пеплум блуза која ќе ги скрие вашите широки колкови и ќе ја нагласи половината.

Тело со облини

При носење на бели фармерки, сите жени и девојки мора да одберат еден број поголеми од она што нормално го носат. Ѕвонарките се одличен избор бидејќи ги нагласуваат облините и му даваат уште посекси изглед на вашето тело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag