21-годишната манекенка Џиџи Хадид е девојката од насловната страница на декемвриското издание на Allure магазинот. Таа даде интервју за списанието, за кое сними интересна фотосесија.
Во интервјуто Џиџи зборува за нејзината манекенска работа – за која се стремела цел живот и професија која ја сакала од мали нозе.
Џиџи зборува и за фактот што го обожува телото нејзиното момче, Зејн Малик од групата One Direction.
„Воопшто не е тешко да гледам во тоа тело. Не се жалам“, вели Џиџи.
Иако е една од најпопуларните личности на социјалната мрежа Isntagram, вели дека нема стратегија за објавување на фотографии, иако заработува и од промовирање на производи и брендови на своите фотки.
Во фотосесијата Џиџи изгледа одлично – фотографиите ги доловуваат нејзините сексапил и сензибилитет, како и природната убавина. На една од фотографиите Џиџи позира речиси комплетно гола, легната на коњ.