Некои луѓе работат со години за да ги совладат техниките за фотографирање со iPhone. Но, вие не сакате да чекате со години -сакате да ги подобрите вашите фотографии денес! Во оваа статија, ќе откриете десет брзи и лесни финти за фотографирање што можете да почнете да ги користите денес за значително да ви се подобрат фотографиите.
1.Фотографиите нека ви бидат едноставни
Стив Џобс рекол „Едноставноста е крајна софистицираност“.Новите фотографи често ги „комплицираат“ нивните фотографии. Премногу детали можат да го одвлечат вниманието на гледачот, што прави тешко да се создаде една хармонична композиција.
Сè што треба е да создадете незаборавни фотографии и тоа е многу едноставно кога во композицијата на вашата фотографија имате само еден предмет.Не се грижете ако на вашата фотографија има многу празен простор, со тоа ќе направите вашиот предмет да се издвојува повеќе.
Едноставните композиции се исто така, идеја за социјалните медиуми. Ако ги споделувате фотографиите од вашиот iPhone Instagram или слична мрежа за споделување фотографии, луѓето ќе ги видат вашите фотографии на малиот екран од телефон. Како резултат на тоа, многу од деталите кои ги имате во вашите фотографии ќе бидат изгубени за гледачот.
Чувајте ги вашите фотографии едноставни и публиката ќе ужива во нив повеќе.
2.Фотографирајте од низок агол
Поголемиот дел од фотографиите се фотографираат од висина на гради на еден нормален возрасен човек.Тоа е најлесно но, има и многу други креативни начини. Можете многу лесно да ги подобрите вашите фотографии со тоа што ќе најдете подобар агол и често најдобар начин за да го направите тоа е да фотографирате од пониска перспектива.
Постојат три добри причини за фотографирање од низок агол.
Прво, вашите фотографии автоматски ќе станат поинтересни, бидејќи тие ќе им овозможуват на гледачите да го видат светот на нов начин.
Второ, со фотографирање од понизок агол вашиот предмет ќе се издвои и ќе имате само небо во позадина . Ова е добра техника за отстранување на несаканите предмети, одвлекување на вниманието на гледачите и издвојување на вашиот предмет.
Третата придобивка за фотографирање фотографии од низок агол е тоа што можат да се покаже интересни детали во преден план, кои инаку ќе бидат изгубени. Обидете се да клекнете па дури и да легнете на земја за да ви успее!
3.Покажете длабочина во вашите фотографии
Повеќето фотографии особено пејзажните фотографии – изгледаат подобро ако тие имаат предмети во преден план, на средината и позадината. Со следниов совет веднаш ќе ги направи вашите фотографии повеќе од три-димензионални.
4.Усогласете ги вашите предмети дијагонално
Двете главни теми на фотографијата подолу се во куќата во горниот десен агол и патот во долниот лев агол. Не е случајно што овие предмети се поставени дијагонално едни до други. Со усогласувањето на предметите дијагонално можете да направите вашите фотографии да изгледаат побалансирани и хармоничени.
5.Фотографирајте во зависност од нивото на вашиот предмет
Првата грешка која ја прават луѓето при фотографирање миленичиња и деца е правејќи го тоа стоејќи.Кога фотографирате од горе па надолу добивате птичја перспектива на вашиот предмет, со ниту еден детал кој ги прави децата и миленичињата популарна тема за фотографија.
6.Вклучете сенки во вашата композиција
Кога сонцето е ниско, сенките често може да бидат уште поинтересни од реалните предмети на вашите фотографии. Важен трик за фотографирање со iPhone е да се фотографира кога се присутни сенки, и да се вклучат во вашиот состав секогаш кога е можно. Најдолгите сенки се создаваат кога сонцето е најниско-„Златен час“.
7.Правете фотографии со силуети
Силуета е темната форма на објектот против силната светлина. Silhouetting е една од најинтересните техники за iPhone фотографија, и тоа е лесно да се постигне.
Еве еден едноставен совет -фотографирајте во изворот на светлината. Вашиот iPhone ќе се погрижи за останатото.
8.Фотографирајте рефлексии
Рефлексиите се прекрасни теми за фотографирање. Иако може да се најде рефлексии на многу различни површини, вклучувајќи и стаклена, сјаен автомобил, мраз, водата е најверојатно најдобрата површина за фотографии со рефлексии.
За разлика од огледалата, водата може да ги искриви рефлексиите со бранови. За да се добие ефекти како оние во фотографијата погоре, држете го вашиот iPhone само една педа над површината на водата.
Ако нема бранови, можете да ги креирате сами со движење на раката низ водата.Фотографијата подолу е направена веднаш после креирање на бран.
9.Направете симетрија
Во фотографијата, зборот симетрија опишува слика во која двете половини се идентични. Погледнете ги подобро фотографиите со рефлексија и ќе забележите дека тие се идентични и се поделени на две.
Внимавајте на симетричните сцени и предмети, и не се плашете да ги ставите во средината на фотографијата со што ќе ја направитена симетријата многу очигледна.
10.Додадете драма со VSCO филтерите
Цели книги се напишани на тема за едитирање фотки, но на вас не ви требаат којзнае какви вештини за уредување на фотографиите и за да додадете малку драма во нив. Најлесен начин да се примени моќни но, суптилно уметнички ефекти на вашите фотографии е да се користат веќе поставените филтри на апликацијата VSCO.