Многумина не би се бунеле кога во кокпитот на авионот би ја здогледале Малин Ридквист, атрактивна Швеќанка, која веќе некое време живее во Хрватска, а сигурно е една од најубавите пилоти на светот.
Во фокусот на јавноста Ридквист стигна благодарение на својот Instagram профил на кој ја следат речеиси 58.000 луѓе. Кога не вози Boeing 737 оваа згодна Скандинавка се занимава со јога и снима атрактивни фотографии на преубави локации покрај море, посебно во Задар каде живее во моментот.
Со јога почнала да се занимава по несреќата која ја доживеала при snowboarding во 2008 година. Поради незгодниот пад имала големи болки во грбот.
„Се обидов со се, но само јогата ми помогна. Таа ми помогна и подобро да се разберам себеси, а и да станам подобра личност“, вели 29 – годишната Ридквист за Daily Mail.
Инаку, таа е свршена со Хрват со кого живее во Задар.