Британска старт-ап компанија претстави џебен дрон кој што се управува преку апликација за смартфон и со кој можете да правите фотографии или да снимате видео записи.
AirSelfie е опремен со камера од 5 мегапиксели и може да снима HD видеа, а со него доаѓа и SD мемориска картичка од 4 гигабајти.
Дронот е тежок само 52 грама и може да лета до висина од 20 метри, максимум до 3 минути.
Доаѓа со футрола со која се надоврзува на вашиот смартфон и компатибилен е со iPhone 6, 7 и 7 Plus, Samsung Galaxy S7, Edge, Huawei P9 и Google Pixel.
По снимање или фотографирање, дронот безбедно следува а снимениот материјал со помош на WiFi лесно може да се пренесе на телефон или да се сподели на социјалните мрежи.
Џебниот дрон е достапен преку Kickstarter кампања за групно финансирање, каде собра околу 120.000 евра иако целта беше 45.000.
AirSelfie, за кој се верува дека ќе ги замени селфи стиковите, ќе биде достапен за купување во март следната година, кога ќе се продава по цена од околу 150 евра.
https://www.youtube.com/watch?v=UTIJunh2Dzk