Еве зошто да не го надградувате софтверот на вашиот iPhone!

popara8 декември, 20161min00
9

По надградбата на iOS на верзија 10.1.1, дел од корисниците на Ајфон пријавиле големи проблеми со батеријата.

Најпрво од Apple пред десетина дена објавија информација дека некои модели на iPhone 6Ѕ телефоните имаат проблеми со батеријата поради кои телефонот може и сам да се исклучи, па најавија програма за замена на батериите на тие модели.

Корисниците кои што имаат проблеми со батеријата на своите телефони треба да посетат официјална продавница на Apple или овластени сервиси кои што бесплатно ќе им ја заменат батеријата.

Сепак проблемот не е така изолиран како што се надеваа од компанијата. Според информациите објавени на PC MAG, се повеќе корисници се жалат дека батеријата на нивните iPhone уреди трае прекратко, погрешно ја прикажува состојбата на наполнетост и за кратко време батеријата се загрева.

Според пораталот проблемот најверојатно се крие во последното надоградување на оперативниот систем, па некои корисници не можат да бидат сигурни колку точно е полна батеријата на нивниот телефон и колку ќе издржи. Така во еден случај батеријата која што била полна 80% во текот на ноќта целосно се испразнила, а откако корисникот го приклучил телефонот на полнач, веднаш телефонот покажал дека батеријата е полна 30 проценти.

Имало и случаеви кога после крајот на полнењето до 100%, откако Ајфонот ќе се тргне од полнач, батеријата веднаш покажувала дека е полна под 50 проценти, а секако, голем дел од корисниците се жалеле и на тоа што батеријата премногу се загревала и овој проблем не бил решен ниту кога батеријата им била заменета.

Иако овој проблем со батериите би можел да биде поврзан со најавата на Apple за замена на батериите за iPhone 6Ѕ, на PC MAG велат дека замената се однесува на мал број на Ајфони, додека пак од друга страна се чини дека проблемот со брзото празнење на батеријата се однесува на поголем број на телефони и се појавил после надградбата на оперативниот систем iOS на 10.1.1.

Од Apple се уште се немаат огласено во врска со овој проблем, а корисниците се надеваат дека истиот ќе биде решен со следната верзија на оперативниот систем.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag