Лука Лампариело од Италија зборува течно и без никакви проблеми менува и акценти на 11 светски јазици покрај неговиот мајчин италијански. Тој брзо ги совладал „соседните“ шпански, француски и португалски, па учел германски, холандски, шведски, англиски, а стигнал и до далечниот исток па без никакви пречки говори на јапонски, кинески. Од словенските јазици ги владее рускиот и полскиот.
Сите кои сакаат брзо да научат странски јазик ги советува да гледаат телевизија и да следат медиуми, да ја разберат културата и изразите на еден народ и потоа многу полесно ќе им биде да ги совладаат сите особености на изговорот, фразите и граматиката. Советите и насоките може да ги најдете и на неговиот веб сајт thepolyglotdream.com