Али Веб од Плат Бриџ додека се враќала од вечерно излегување во хотелската соба забележала дека ја следи еден маж. Не сакал да ја остави на мир, но тогаш се појавил бездомникот Марк кој со своите кучиња и го уплашил мажот кој побегнал.
Сиромашниот човек ја испратил до хотелот, а Али му го запишала нејзиниот број на телефон во книгата која ја читал. Ја повикал следниот ден и ја прашал дали е во ред. Така Али и Марк така станале пријатели.
Неколку месеци после тој настан, Али дознала дека Марк морал да се откаже од своите кучиња, како и од парцелите на кои поставил шатор. Наместо парична помош, Али одлучила да направи чекор повеќе.
Собрала донации и успеала да му купи камп куќа и да ја опреми со садови и останати работи за Марк, за да му го олесни секојдневниот живот.
Неговиот дом моментално е паркиран на јавен паркинг, но се чека одобрување за место во камп за кампери.
– Мислеше дека ќе умре на улица. Ова не е засолниште какво што сакаме за него, но секако е исчекор. Сега има каде да се истушира и да спие, а за останатото ќе видиме… – рекла Али.