Instagram има нова опција што ќе им се допадне на корисниците

popara21 декември, 20161min00
10

Instagram периодов постојано воведува промени, а најновата од нив им овозможува на корисниците да ги зачуваат фотографиите од другите корисници за подоцнежно прегледување.

Тоа значи дека ако ви се допадне некоја фотографија, повеќе нема потреба да правите скриншот, туку ќе можете едноставно да ја зачувате за подобро да ја разгледате подоцна. Зачувувањето на фотографиите ќе се прави со знакот за букмарк што ќе биде на десната страна на екранот веднаш под фотографијата.

Фотографиите ќе се зачувуваат во посебен фолдер на вашиот профил, а ќе може лесно да ги пратите на пријателите.

„Кога ќе најдете интересно видео што сакате да го зачувате или некаква облека што ви се допаѓа, сега ќе можете да ги зачувате и подоцна да ги прегледате на својот профил“ – објаснуваат од Instagram.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag