Спектакуларен поглед на тунелот кој „со голи раце” го ископале локални жители

popara23 декември, 20161min00
5

Видеото направено со дрон го покажува возењето низ тунелот во спектакуларните падини на планината Тајханг во Кина.

На снимката се гледа тунелот Гуолијанг кој 13 локални жители од истоименото село без помош на механизација го пробиле низ цврстите карпи.

Тунелот кој е долг 1.250 метри е лоциран блиску до врвот на стената висока 1.700 метри. Во текот на изградбата овие жители потрошиле 12 тони бургии и 4.000 чекани, а еден од нив починал во текот на работата.

Во најтешката фаза, напредокот на изградбата се движела со еден метар на три дена.

Пред да почне градбата во 1972 година, единствениот начин по кој локалните жители се поврзувале со светот било преку 720 камени скали.

Во селото живеат 83 фамилии, а од неодамна поради интересниот пат и неверојатните глетки стана туристичка атракција.