Поп суперѕвездата Џорџ Мајкл почина на 53 години

popara26 декември, 20161min00
10

Лондон – Британската поп ѕвезда Џорџ Мајкл почина, според британската новинска агенција Press Association (PA). Музичарот, кој се издигна кон славата со дуото од 80-те Wham!, имаше 53 години.
Мајкл подоцна имаше успешна соло кариера.
ПА цитираше изјава од публицистот на Мајкл: „Со голема тага можеме да потврдиме дека нашиот сакан син, брат и пријател Џорџ почина мирно дома за време на божиќниот период.“
Wham! имаше големи хитови како „Wake me up before you go-go“ и „Careless whisper“. Неговиот дебитен албум „Faith“ од 1987 се продаде во над 10 милиони копии.
Во 1998, Мајкл изјави во ексклузивно интервју за CNN дека е хомосексуалец.
„Ова е погодно време како и било кое друго,“ му кажа тој тогаш на Џим Морет од CNN. „Сакам да кажам дека немам проблем со тоа луѓето да знаат дека моментално сум во врска со маж. Не сум бил во врска со жена скоро 10 години.“
Коментарите на Мајкл дојдоа кратко откако тој бил под истрага за прекршочно блудно однесување и ослободен со кауција од 500 долари. Пејачот бил сам во тоалет во парк во Беверли Хилс кога притаен агент наводно го видел како го извршува делото.
Мајкл, чие вистинско име е Георгиос Кириакос Панајоту, им се извини на своите фанови за инцидентот. Тој кажа дека се надева дека тие ќе останат со него.
„Не чувствувам никаков срам. Се чувствувам глупаво, немарно и слабо што дозволив мојата сексуалност вака да биде изложена. Но, воопшто не чувствувам срам,“ рече Мајкл.