Хипи футуристички микробус од Volkswagen

popara16 јануари, 20171min00
10

Култниот хипи минубус на Volkswagen од 60-тите доби футуристички римејк, во електрична и автономна верзија.

Германскиот производител го претстави концептот за ID Buzz на автомобилскиот саем во Детроит, кој го нарекува „микробус на новата ера“.

Овој микробус е омаж на култното хипи комбенце од 60-тите години, второто возило на овој германски производител.

Станува збор за електрично возило што може да вози до 430 километри со едно полнење. Има осум седишта, но може лесно да се трансформира во „лаунџ“ место.

Целосно е автономен, со ID Pilot мод за возење. Паметниот систем ќе нуди опција за персонализирање на возилото, според желбите и потребите на возачот, како на пример: зачувување на саканата температура, музички систем, омилени радио станици, амбиентално светло, навигација и контакт информации за возачот и неговите пријатели.

Иако сè уште нема прототип од ова комбенце, Volkswagen вели дека доколку има интерес, возилото може да се најде во производство до 2025 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag