Снимен реткиот морски змеј

popara18 јануари, 20171min00
10

Истражувачите успеале неодамна да го снимат новиот претставник на семејството на иглести риби – виолетовиот морски змеј.

Овој нов вид првпат беше откриен во 2015 година, но тогаш истражувачите дојдоа до заклучокот врз експонат од австралиски музеј. Тогаш научниците ја дешифрираа ДНК земена од примероците најдени од 1919 до 2997 година. Сега, пак, е добиена фактичка потврда за неговото постоење.

Морските змејови се„роднини“ на морските кончиња. Во моментов на научниците им се познати три вида – обичните (Phyllopteryx taeniolatus), листовидните (Phycodurus eques) и виолетовиот (Phyllopteryx dewysea). За разлика од првите два вида, виолетовиот морски змеј најмногу потсетува на морско конче.

Научниците претпоставуваат дека виолетовите (рубиновите) змејови живеат на длабочини од над 50 метри, а светло црвената боја им помага да се прикријат од грабливците во пластовите морска вода.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag