Голманот на италијанската репрезентација и на фудбалскиот клуб Јувентус, Џанлуиџи Буфон во петокот се ожени со убавата чехиња Алена Середова, со која бил во врска полни 10 години. Свадбата се одржала во Прага во друштво на роднините и пријателите. Алена редовно се наоѓа на списокот помеѓу најубавите жени на фудбалерите, таа во петокот заблескала во класична бела венчаница.