Се е спремно за отварање на изложбата “Car Culture” во Германија. На оваа изложба уметниците ќе ја покажат двојноста на материјалната и нематеријалната мобилност. Изложбата ќе се одржи денес во градот Карлсруе и ќе биде насочена кон прикажување на културата на автомобилите и начинот на кој тие го променија светот на социолошки, уметнички и економски план, кој на изложбата ќе биде прикажан во друга смисла.