
Што ако некој навистина, навистина сакал екстра крцкав помфрит?
Двајца вработени на Burger King се соочуваат со казна во Њу Хемпшир, САД откако наводно продавале трева во ресторанот. SeaCoast Online објави дека 20-годишниот Герет Норис и неговиот наводен соучесник, 19-годишната Меган Дирборн продавале трева на муштерии кои конкретно ќе побарале „екстра крцкав помфрит“.
Според полициската истрага, купувачите ќе го побарале „Нести Бој“ – надимакот на Норис – на прозорецот за поминување со автомобил во ресторанот. Откако ќе добиеле потврдување дека Норис е тој што работи, купувачот нарачувал „екстра крцкав помфрит“. Норис ќе ја ставел марихуаната во Burger King чаша за кафе, одделена од помфритот и нарачката за храна. Претприемнички, ова е одличен начин да се рекламира нивната трева и да се справат муштериите со нагонот за храна по консумирање на тревата.
Норис бил осуден за поседување на контролирана дрога со намера да ја дистрибуира и за продажба на контролирана дрога. Дирборн била уапсена поради незаконско поседување на алкохол и наводно сооучество во дистрибуирање на дрогата.
А замислете си вистински да сте биле расположени за екстра крцкав помфрит?