По подолги шпекулации, компаниите Samsung и LG се подготвени да лансираат мобилни уреди со флексибилни дисплеи кон крајот на оваа година, тврди Korea Herald.
Медиумот наведува дека Samsung најверојатно ќе пушти 100.000 примероци од смартфон – таблет комбинираниот модел, кој треба да е на пазарот во третиот квартал на годината. За возврат LG ќе пушти на пазарот иста количина, но во последниот квартал. И двете компании се уште не ги финализирале плановите, па се можни промени.
Веројатно флексибилниот телефон на Samsung е истиот уред кој минатата година беше познат како Project Valley. Првичниот негов дизајн беше да се отвора како книга со двата екрани навнатре, но сега изгледа дека екранот ќе биде надвор кога уредот е затворен, за да не се наметнува на корисниците постојано да го отвораат и затвораат.
Кога е отворен, уредот ќе има дијагонала од седум инчи.