Бил Гејтс веќе е најбогатиот човек во светот, но ова не се споредува со тоа што би можел да биде тој во текот на следните 25 години: првиот трилионер во светот.
Основачот на Microsoft веќе вреди 85 милијарди долари, според списанието Forbes. Но доколку богатството на Гејтс продоложи да добива во вредност со истата стапка на повраток како минатава декада, тогаш до времето кога 61-годишниот Гејтс ќе го прославува неговиот 86-ти роденден, тој би требало да вреди трилион долари.
Ултра-богатите уживаа во просечна стапка на повраток од 11 проценти уште од 2009 година, вели истражувачката група за сиромаштија, која неодамна ги објави зачудувачките вести дека осум милијардери имаат вкупно богатство како 3,6 милијарди луѓе кои ја сочинуваат најсиромашната половина на светската популација, вели CNBC.
Ако продолжат да растат инвестициите на Гејтс по истата стапка, тогаш Гејтс, или друг милијардер кој е близу до неговото ниво, ќе стане првиот трилионер во светот. Ова не ги зема во предвид милијардите што Гејтс веќе ги има дадено за добротворни цели.
„Ако милијардерите продолжат да ги обезбедуваат овие стапки на повраток, би можеле да го видиме првиот трилионер за 25 години,“ вели извештај на Oxfam. „Во таква средина, ако веќе сте богат мора да се трудите многу да не продолжите да се збогатувате.“
Барем еден новинар верува дека ова тврдење е „налудничаво“ и ги прегледа бројките на добротворните организации.
Користејќи ја почетната дата што Oxfam ја користи за да ја пресмета стапката на пораст на богатството на Гејтс, 2006 година, кога тој го напуштил Microsoft, организацијата наведува дека богатството на компјутерскиот генијалец пораснало за 50 проценти, односно 25 милијарди во 2016.
Тоа е стапка на повраток од четири проценти и претпоставувајќи дека нема Гејтс одеднаш да го даде поголемиот дел од неговото богатство или да направи нешто слично, и користејќи ја истата почетна дата, 2006, кога Гејтс вредеше само 50 милијарди, тоа значи дека за 25 години тој ќе вреди 133 милијарди долари.
Дури и користејќи ја проценетата нето вредност на Гејтс од 75 милијарди за 2016, Ворстал пресметува дека Гејтс би достигнал само 200 милијарди за 25 години со стапка на повраток од четири проценти, а не трилион.
Проценетата нето вредност на Гејтс порасна за 10 милијарди долари, стигнувајќи до 85 милијарди до 31 јануари, според Forbes.
Согласно со 2013 година, Гејтс има дадено 28 милијарди долари на Фондацијата Gates, која се бори против светската сиромаштија.