Инцидентот се случил во неделата во округот Шитцуан, пишува во вторникот весникот South China Morning Post. Жената во текот на расправијата со сопругот се качила на покривот на зградата и се обидела да скокне од височина од околу 20 метри. За среќа, нејзиниот сопруг успеал да ја фати за косата и ја држел така речиси три минути, додека на покривот не се качиле полицајци и му помогнале да ја подигне жената.
Во медиумските извештаи се истакнува дека мажот успеал да ја задржи жената, по што таа се фатила за испакната цевка на фасадата која ја издржала нејзината тежина.
На видеото кое го објави South China Morning Post се гледа како мажот стои на окното од прозорецот на последниот кат и ја држи сопругата за косата, собрана во „коњска опашка“. Еден од пристигнатите на помош полицајци се качува на симсот и ја фаќа жената за облеката, со што му помага на мажот да ја повлече нагоре. Колегите на полицаецот во тие моменти ги држат него и мажот за ремените, за да не се струполат заедно со неа.
„Кога стасавме на местото на настанот, видовме како мажот ја држи својата жена за косата, но неговата рака веќе почна да се лизга. Доколку пристигневме само неколку секунди подоцна човекот не ќе можеше да ја задржи сопругата и веројатно не ќе можеше да ја спаси.“, изјавил полицискиот службеник Цуо Ју, кој се се прекачил преки оградата на поривот и помогнал во извлекувањето на жената на безбедно.
https://www.youtube.com/watch?v=L6Jx9ceTlo4