Сте забележале ли некогаш дека Сонцето бледнее? Не сте сами. Сè попопуларната теоријата на заговор тврди дека тоа се случува затоа што вонземјаните ја смукаат Сончевата енергија.
НЛО-фанатиците тврдат дека официјалните фотографии од НАСА потврдиле дека вонземјаните со вселенски летала кружат околу Сонцето и ја смукаат енергијата поради што Сонцето губи сјај.
Британски Мирор пишува дека фотографиите на НАСА, кои ги снимила сондата SOHO, прикажуваат бела точка која со „продолжен кабел“ се спојува на Сончевата површина.
На интернет осамна видео под наслов „Дали огромно НЛО зема енергија од Сонцето?“, кое наводно го докажува целиот „инцидент“.
Покрај бројните коментатори кои го објавуваат своето мислење за фотографијата, се огласил и популарниот експерт за НЛО Скот Варинг од страницата UFO Sightings Daily.
„Ова е дфинитивно НЛО кое излета од Сонцето. Можеби користело Сончева енергија за да се наполни на некој начин, но одлета со многу голема брзина“, напишал тој.