Момчето родено со четири нозе и два пениса, се опоравува по операцијата

popara10 февруари, 20171min00
9

Индиското момче родено со четири нозе и два пениса беше оперирано и следната недела ќе се врати дома на опоравување, по успешната операција, јавија светските медиуми.

Лекарите во болницата ја опишаа комплексната операција пред локалните репортери во четврток.

Момчето чие име не е познато, е родени со полимелија, ретка конгенитална деформација која резултира со дополнителни екстремитети или органи.

„Ова се проблеми кои се јавуваат од време на време и за нив се нема почит во социо-економскиот статус“, рече д-р Санјај Рао, педијатриски хирург во здравствениот град Нарајана, кој ја изведе операцијата.

Полимелијата е генетско пореметување, кое е предизвикано од хромозомска абнормалност или од надворешни влијанија. Состојбата може да се појави во фазата на ембрион кога тој се развива за близнаци, но тогаш едниот близнак престанува да се развива, но продолжува да формира дополнителни екстремитети или органи, кои остануваат прикачени за другиот близнак. Ова беше случај со момчето од Бангалор, додава доктор Рао, и тој доби „близнак паразит“.

Операцијата била изведена минатата седмица, а за процедурата биле потребни 20 лекари, медицински сестри и техничари.

Не се знае точната бројка на лица кои имале полимелија, но доктор Рао вели дека е
невообичаено.

Во последната декада во истата болница ова е четврти ваков случај со кој се сретнале лекарите, вклучително и бебето Лакшми Татма, кое беше родено со четири нозе и четири раце.

Приказната за неа привлече многу внимание, вклучително и голем број индиски верници кои веруваа дека таа е реинкарнација на божеството Лакшми, претставено на сликите во Хинду религијата со четири раце.

Инаку, момчето е родено на 21 јануари, а по породувањето кое поминало одлично лекарите веднаш го ставиле бебето на дополнителна нега, за еден ден потоа да биде префрлено заедно со своите родители во Нарајана здравствениот град.

Суеверието и стигмата се многу раширени во индиското општество, особено во вакви случаи кога Индијците ги поврзуваат со нивните слични божества, но родителите на момчето веднаш препознале дека ова е медицински случај, и дека треба на тој начин да ги решат проблемите.
Се очекува тоа да биде пуштено од болница следната недела.

Подоцна ќе го очекува уште една операција од корективна природа, која болницата ќе ја изведе бесплатно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag