Игор Алексев долго не се сомневал во ништо. Сè додека една вечер не гледал вести на ТВ и не ја препознал сопствената сопруга која била уапсена во бордел каде тајно работела како проститутка.
За време на полициска рација во бордел во Руската Република Башкортостан, меѓу уапсените била и сопругата на Игор со која бил во брак осум години, пишува Мирор.
Откако се опоравил од шокот, го пребарал нејзиното име на „Гугл“ и дознал дека нуди низа сексуални услуги.
По апсењето, парот веднаш се разделил. Игор добил старателство над нивната шестгодишна ќерка.
Жената тврди дека Игор не заработувал доволно за да го издржува семејството.