Сакале да уништат стар телевизор, а потоа во него пронашле 100.000 долари!

24 февруари, 20170
2

Жици, цевки, и многу стакло и пластика. Тоа се наоѓа во еден стар телевизор. Меѓутоа, еден човек од Канада токму тука сокрил голема сума пари, кои планирал како наследство да им ги остави на наследниците.

Повеќе од 100.000 долари во кеш се пронајдени во ТВ, кој се пренесувал во Онтарио поради рециклажа во една фабрика.

Парите се наоѓале во метална каса, скриена во телевизорот.

– Имаше четири купчиња пари и знаев дека се работи за поголема сума, рекол Рик Дешампс, раководител на фабриката за рециклажа.

Дешампс ги пофалил своите работници, велејќи дека постапиле чесно со тоа што ја пријавиле кутијата на надредените во фабриката, а потоа и на надлежните власти.

Заедно со парите во кутијата се наоѓале и документи, кои полицајците ги однеле до 68-годишниот сопственик на телевизорот, кој рекол дека телевизорот му го подарил на свој пријател уште пред 30 години, но изгледа дека заборавил дека внатре има пари.

Тој тогаш имал план да ги чува парите, како би им ги дал на наследниците.

Кога пријателот се ослободил од стариот телевизор и го фрлил во ѓубре, не ни знаел дека во него се крие вистинско богатство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi