Повеќето мажи ја запросуваат жената од своите соништа на романтична вечера со вино и свеќи, но Тим Че е доказ дека постои нешто повеќе и од тоа, онаа вистинска романтика, а сѐ што е потребно е малку труд и планирање.
Тим покажа колку може едно запросување да биде неверојатно и незаборавно.
Седум дена откако почнал да се забавува со сегашната сопруга Кендис, Тим почнал да ѝ пишува љубовни писма.
Во текот на тригодишната врска ѝ напишал вкупно 14 писма, но Кендис не воочила дека во секое од нив се крие дел од големото прашање.
“Дали ќе се омажиш за мене?” (Will you marry me?) било напишано со почетните букви на секое писмо.
Пред да ѝ го открие значењето на писмата, Тим ја однел Кендис на одмор на островот
“Се разбудив утрото на 16 декември, 2015 година, а до мене имаше писмо со упатство да се подготвам и да излезам надвор. Кога ја отворив вратата видов латици цвеќе и свеќи, срцето почна брзо да ми чука и знаев што следи. Седевме во дневната соба каде тој ми ги имаше наредено сите писма што ми го имаше напишано. Ги читавме едно по едно и се навраќавме на спомените. Откако ги прочитавме сите ми рече да ги погледнам убаво”, раскажува Кендис.
Кога сфатила за што се работи, Кендис била многу изненадена, иако, како што кажува, Тим секогаш бил многу романтичен.
На нивната свадба Тим ѝ ја испеал песната што ѝ ја напишал два месеци откако почнале да се забавуваат.