Во оваа земја можете да дојдете пијани и издрогирани на работа, а газдата не смее да ве казни

popara16 март, 20171min00
3

Со измена на членот на Законот за работа во Колумбија, одобрено е да вработените можат да дојдат на работа под влијание на алкохол, па дури и наркотици, се додека тоа не влијае на нивната способност и ефикасност.

Имено, во Колумбија, како и повеќето земји ширум светот, доаѓањето на работа во алкохолизирана состојба било строго забрането. Но, со измените на членот на законот сега е дозволено да и работниците поради тоа не можат да ја изгубат работата ниту да бидат испратени на дисциплинска комисија. Имено, со неодамнешната одлука на Уставниот суд, алкохолот и наркотиците, се ставени во ист кош со професионалните заболувања, затоа што не е докажано дека овие супстанци секогаш сметаат во ефикасноста и работата.

Се почна уште минатата година кога двајца студенти од Универзитетот „Ученици“ ги оспорија членовите од Законот за работа.

Имено, во апелација Уставниот суд овие студенти наведоа дека работодавците намаат право на отпуштања на вработените или да ги испраќаат на дисциплинска комисија затоа што конзумирале алкохол или наркотици, ако не можат да докажат дека таа конзумација влијаела на нивната работна способност. Уставниот суд го прифати овој аргумент и нареди да се измени спорниот член на Законот за работа.

Кога станува збор за работните места со многу мала разлика, тогаш работодавецот не смее да го отпушти ниту казни работникот ако не може да ги докаже негативните последици од психоактивната супстанца.

Оваа контроверзна измена на законот ја критикуваа многумина во Колумбија, особено здруженијата за борба против наркотици. Имено, Аугус Перез, терапевтот кој се наоѓа на чело на Здружението „Нуевос Румбос“, и кој веќе со години се бори против наркотиците, вели дека одлуката за измена на членовите на законот, во најмала рака е контраверзна. Перез е уверен дека овие измени на Законот за работа секако ќе имаат негативни последици по колумбиското општество.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma